Александар Белов веројатно оди на Евровизија
06.01.2009 12:50
Аднан Бабајиќ, победник на Операција Триумф
Спектакуларна финална вечер и прв победник на реалното шоу „Операција Триумф“ за Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија - Аднан Бабајиќ.
Победникот, од организаторите до септември ќе добие албум од продуцентската куќа Универзал и истиот ќе биде наменет за дискографскиот пазар на западна Европа. По албумот следува турнеја во Србија, во регионот како и снимање на видео спотови.
Во финалето покрај Аднан, за првото место се бореа и Вукашин, Александар, Даниел и Нина.
Иако македонецот Александар Белов 11 пати по ред беше фаворит на публиката, на финалната вечер се пласираше на третото место.
Мислењата на фановите на интернет сајтовите и форумите поделени. За поголемиот дел од нив, Александар е морален победник.
Можеби не го освои првото место на „Операција Триумф“, но ги освои симпатиите на публиката. Нему му предвидуваат блескава кариера како во Македонија така и во регионот.
Александар Белов 11 пати по ред беше фаворит на публиката
Доказ за тоа се многубројните менаџери, композитори и дискографски куќи кои пројавија интерес за соработка со Александар.
Голема е веројатноста Александар Белов да се појави на македонскиот избор за песна на Евровизија.
Сите 18 студенти кои последниве три месеци учествуваа на Операција Триумф наскоро ќе тргнат на турнеја низ балканските земји. Секој студент ќе добие и песна кои ќе се најдат на заедничкото цд.
Првата сезона на Операција Триумф ќе остане запаметена по гламурозните гала вечери предводени од атрактивни и оригинални водители, необичните кореографии, кавгите и дружењето помеѓу студентите како и по контроверзните одлуки на жирито во состав Исмета Дервож, Марина Туцаковиќ и Тончи Хулиќ.
Инаку вчера, како што А1 Телевизија објави, на денот на големото финале, регуларноста на балканското шоу „Операција Триумф“ беше доведена под знак прашање, поради пропуст на Телевизијата Нова, која го пренесува шоуто во Хрватска.
Имено, во вторникот, кога започна гласањето за победник на „Операција триумф“, на ТВ Нова се објавени погрешни броеви за гласање, па така, секој глас упатен за Александар Белов од Македонија, одел на контото на Нина Петковиќ од Црна Гора.
Под имињата на двајцата кандидати се вртеле исти броеви (060 88 88 13) и гласовите наменети за Александар се „слевале“ кај Нина, со што тој остана без гласовите од обожавателите од Хрватска.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=102651