Александар ќе победеше ако се откажеше од финалето
Револтиран од третото место на Александар Белов на „Операција триумф“, менаџерот Велибор Џаровски- Џаро, кој некогаш важеше за најголемиот дубарџија на Балканот, дава свој коментар. Тој смета дека ова е хрватско-босански естраден заговор против српскиот менаџер Саша Драгиќ, за следната година манифестацијата да не се одржи во Србија. А најмногу против нашиот пејач Белов зашто бил најдобар од сите.
- Александар можеше да ја добие победата на еден начин. Кога виде дека претходната ноќ му направија дубара во Хрватска со пренасочување на СМС-гласовите, требаше да се откаже и да стане морален победник. Тоа му го кажав и на неговиот композитор Кире Костов и на менаџерот Драган Пешиќ- Пеле и на финансиерот Бабаче. Им укажав дека Александар ќе го „сопнат“ на крај, што и се случи – вели Џаро.
Тој вели дека нејасно останува и тоа зошто во жирито немаше ниту еден претставник од Македонија.
- Александар е измамен. Тоа што сега нему му се случи со СМС-пораките, јас сум го правел со менување на кутиите на фестивалот „Белградска пролет“ во седумдесеттите години на минатиот век. Се сеќавам еднаш кога ги сменивме кутиите со гласачки ливчиња и наместо да победи фаворитот Златко Пејаковиќ со големиот хит на Корнелие Ковач „Ове ночи једна жена“, победи Мики Јевремови со „Доста ми је њеног хладног осмјеха“, но Мики тогаш не успеа да направи ни турнеја, зашто во тој момент со победата ја загуби публиката - коментира Џаровски.
Александар е регионална ѕвезда
За Александар, кој веќе стана мошне популарен како во Македонија така и во регионот, многубројни менаџери, композитори и дискографски куќи веќе покажаа интерес за соработка, а постои голема веројатност да настапи и на националниот избор за песна за „Евровизија“.
Тој ќе биде домаќин на концертот што на 31 јануари ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, каде учество ќе земат и сите студенти од академијата. На 7 февруари, на денот на неговиот 22. роденден, Александар во Неготино ги поканува сите учесници во „Операција триумф“.